Јаневски: Ова не е среќа, ова е победа со знаење, тактика и стратегија!

Стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски не можеше да го сокрие задоволството од победата на Вардар среде Иатанбул против големиот Фенербахче, и пласманот во групите од Лигата на Европа.

Јаневски пред турските медиуми по мечот го потенцираше фактот дека овој пат Вардар комплетно го надмудрил Фенер, и тактички и стратегиски.

„Ако во Скопје зборувавме и за некоја среќа за нас, сега може слободно да кажам дека денеска не победивме со среќа, но со знаење, тактика и стратегија. Многу сум среќен затоа што играчите одиграа онака како што се договоривме. Оваа победа е многу важна за нас, затоа што ветува многу повеќе во иднина за Вардар“ – рече на пресот Јаневски и дополни:

„Знаевме дека Фенербахче ќе игра со 2-3 одлични фудбалери. Ние токму нив ги блокиравме, а кога успеавме во тоа едноставно ја блокиравме играта на противникот. Знаев пред мечот дека турскиот тим игра главно по хоризонтала, а никогаш отворено опасен по голот. Така и се покажа, затоа уште од самиот почеток на мечот бев убеден дека ќе стигнеме до посакуваниот успех“.

Се вчитува...