Реал Мадрид нема да има нималку лесна задача на стартот од одбраната на европската круна, откако за противници во групната фаза ги доби Борусија Дортмунд, Тотенхем и АПОЕЛ. „Кралевите“ остануваат фаворити за првото место во групата, но јасно е дека ги очекуваат тешки гостувања во Дортмунд и на „Вембли“ во Лондон.
Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон, кој е единствен Македонец сезонава во ЛШ, се најде во пеколно тешката група Д, каде против себе ќе ги има Јувентус, Барселона и Олимпијакос. Многу интересни се очекува да бидат и пресметките меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во групата Б, каде овие два тима се апсолутни фаворити за место во осминафиналето крај Андерлехт и Селтик
Жозе Мурињо мора да биде презадоволен од добиената група, откако Манчестер јунајтед не беше носител, но сепак за противници доби екипи послаби од себе, Бенфика, Базел и ЦСКА Москва. Задоволни се и во таборот на Ливерпул откако „црвените“ се најдоа во групата Е крај Спартак Москва, Севилја и Марибор, а неизвесно се очекува да биде во битките во групата Ц, каде Челси, Атлетико Мадрид и Рома ќе се борат за првите две места, крај аутсајдерот Карабах од Азербејџан.
ГРУПА А: Бенфика, Манчестер јунајтед, Базел, ЦСКА Москва.
ГРУПА Б: Баерн Минхен, ПСЖ, Андерлехт, Селтик.
ГРУПА Ц: Челси, Атлетико Мадрид, Рома, Карабаг.
ГРУПА Д: Јувентус, Барселона, Олимпијакос, Спортинг Лисабон.
ГРУПА Е: Спартак Москва, Севилја, Ливерпул, Марибор.
ГРУПА Ф: Шахтјор, Манчестер сити, Наполи, Феенорд.
ГРУПА Г: Монако, Порто, Бешикташ, Лајпциг.
ГРУПА Х: Реал Мадрид, Борусија Д., Тотенхем, АПОЕЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА