Гвардиола тргнува по нов бек

Манчестер сити до крајот на предониот рок ќе се обиде да донесе уште еден бек во своите редови. Гвардиола го посакува младиот фудбалер на Еспањол, Арон Мартин, кој има клаузула од 30 милиони евра која важи до јуни 2018 година, а потоа ќе порасне на 40 милиони евра. „Граѓаните“се надеваат дека шпанскиот клуб ќе се задоволи со првчината понуда од 20 милиони евра.

Иако Сити потроши 150 милиони евра на бекови ова лето, замислата на Гвардиола е да има по двајца играчи на располагање на тие позиции. Сепак, шпанскиот стратег ќе има конкуренција за потписот на Мартин, Јунајтед и Реал чекаат своја шанса за преговори.

 

Се вчитува...