Претсојното издание на УС Опен остана без уште еден ас, откако Милош Раониќ го откажа учеството на последниот гранслем турнир за оваа календарска година. Канадскиот тенисер претходно се откажа од Мастерс-турнирот во Синсинати со надеж дека со одмор и терапии ќе биде „фит“ за УС Опен, но третманите не вродија со плод, па тој денеска обелодени дека нема да може да игра ниту во Њујорк.
„Направив се што е во моја моќ за да ја санирам повредата до УС Опен, но сега немам друга опција освен да се повлечам. Имам огромна почит кон гранслем турнирот во Њујорк и не сакам да земам место кога не сум стопроцентно подготвен“ – изјави Раониќ, кој моментно се наоѓа на 11. место на АТП-листата.
Претходно, своето учество на овој гранслем турнир го откажаа и Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори.
Новото издание на УС Опен ќе стартува в понеделник и ќе трае се до 10 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА