Со завршувањето на вечерашните квалификациски средби дефинитивно се познати имињата на 32-те екипи кои сезонава ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, во обид од тронот да го симнат европскиот првак Реал Мадрид.
Согласно правилата на УЕФА, носители на групите се осумте екипи шампиони на земјите кои се осумте најдобро рангирани на ранг-листата на европската куќа на фудбалот. Реално, многу „пострашно“ делува вториот шешир каде покрај двете екипи од Манчестер се уште и ПСЖ, Барселона, Борусија Дортмунд…
Тимови што сите ќе сакаат да ги избегнат од третиот шешир се Ливерпул, Наполи и Тотенхем, додека Спортинг на нашиот Стефан Ристовски се наоѓа во последниот шешир, заедно со тимови како Селтик, ЦСКА, Марибор, но и дебитантите Лајпциг и Карабаг.
ШЕШИР 1: Баерн Минхен, Бенфика, Челси, Јувентус, Монако, Реал Мадрид, Шахтјор, Спартак Москва.
ШЕШИР 2: Атлетико Мадрид, Барселона, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Порто, Севилја.
ШЕШИР 3: Андерлехт, Базел, Бешикташ, Ливерпул, Наполи, Олимпијакос, Рома, Тотенхем.
ШЕШИР 4: Селтик, ЦСКА Москва, Карабаг, Спортинг Лисабон, АПОЕЛ, Феенорд, Марибор, Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА