Кристијано Роналдо ќе мора да ги одлежи и преостанатите три натпревари од казната од пет меча неиграње што му беше изречена по црвениот картон на Суперкупот на Шпанија против Барселона на „Камп ноу“. Реал Мадрид испрати жалба, но истата беше одбиена, по што следеше и реакција на Кристијано преку неговите профили на социјалните мрежи.
„Уште една неразбирлива одлука. Од неправда во неправда, никогаш нема да ме скршат. Како и секогаш, ќе се вратам посилен. Благодарност до сите што ме поддржуваат“ – напиша Роналдо на португалски јазик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА