Реновираниот Милан вчера ја започна кампањата во Серија А со победа од 3-0 над Кротоне. Избраниците на Монтела делуваа доминантно на теренот, тоа го потврдува и статистиката, поточно поседот на топка од 80.1% во корист за „росонерите“, што е нов рекорд на клубот.
Милан последен пат остварил ваков учинок во сезоната 2004/2005, кога тимот составен од легенди како Малдини, Неста, Пирло, Сидорф, Шевченко и останатите владееја со италијанскиот и европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА