Барселона прави целосен ремонт на средниот ред откако по Паулињо каталонскиот гигант договори уште еден трансфер. Станува збор за Жан Сери, фудбалерот на Ница кој во текот на следната седмица ќе пристигне на „Камп ноу“ и ќе потпише четиригодишен договор со Барса.
Каталонците немаат намера да преговараат со Ница за да не губат драгоцено време, туку ќе ја платат клаузулата од 40 милиони евра во договорот на 26-годишниот Сери со францускиот прволигаш, со што тој автоматски ќе добие право за преселба на „Камп ноу“.
Како што јавува весникот „Ел Мундо Депортиво“, ангажманот на Сери во ниту еден случај не значи и откажување од Кутињо, со оглед на фактот дека тренерот Валверде го планира Бразилецот на Ливерпул за поинаква улога во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА