Јувентус тргна шампионски, лесни 3-0 против Калјари (видео)

Јувентус без многу мака стигна до победа на стартот од новата сезона во Серија А, откако бранителот на трофејот денеска славеше со 3-0 на пресметката со Калјари.

Марио Манџукиќ е стрелецот на првиот гол во Серија А во новата сезона, откако Хрватот со прецизен волеј удар го матираше противничкиот голман. Дибала во финишот од првото полувреме зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Игуаин.

Калјари најубавата шанса ја пропушти во првото полувреме, кога при резултат 1-0 Буфон му одбрани пенал на Фаријас, откако главниот арбитар покажа на белата точка дури по прегледување на снимката со ВАР технологија.

Juventus Vs Cagliari 3-0 All Goals & Highlights… by try-akatsuki

Се вчитува...