Раководството на Карпош соколи го продолжува ремонтот на ростерот за новата сезона, потпишувајќи договор со уште еден американски кошаркар.
Станува збор за Тадус Мекфејден, бек што ланската сезона ја мина во дресот на ПАОК, а летово ја прифати понудата за преселба во таборот на македонскиот вицешампион. Тој претходно има настапувано и за францускиот тим Нанси, како и за кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака, со кого три години стигнуваше до титулата во оваа земја.
Мекфејден е третиот Американец што „соколите“ го потпишуваат летово, по Ентони Колинс и Џејлон Браун. Нови членови на Карпош Соколи се и македонските репрезентативци Кирил Николовски и Стојан Ѓуроски, додека од минатата сезона остануваат Драган Лабовиќ, Дарко Соколов како и младите Дамјан Јакимовски, Иван Сапунџиев и Драган Бакоч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА