Германскиот првак Баерн Минхен со триумф од 3-1 над Баер Леверкузен го стартуваше новиот шампионат во Бундес-лигата, а тренерот Карло Анчелоти најавува дека и покрај неколку промени во составот на баварците, неговиот тим и оваа сезона ќе биде моќен. Тој вели дека Баерн полека ќе ја надградува својата форма.
„Најважно е дека победивме на стартот од новата сезона. Рано постигнавме голови, драго ми е што тоа го сторија новаците во тимот, Никлас Суле и Корентин Толисо, а потоа стигнавме и до водство од 3-0. Во завршницата му дозволивме на Баер Леверкузен да постигне гол, меѓутоа сепак е почеток на сезоната. Бидете уверени дека Баерн Минхен повторно ќе биде моќен кога ќе биде најпотребно. Ќе одиме полека, ќе ја креваме формата, а во тимот има неколку нови фудбалери на кои им е потребно време за да го сфатат системот на работа во нашиот клуб и да го дадат најдоброто од себе“, изјави Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА