Влатко Костов против Жикица Тасевски. Едни од најдобрите македонски стратези во директна битка за бодови преку пресметката на своите Ренова и Силекс го отвораат, денеска од 17 часот во Тетово, 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Силекс по триумфот на стартот против Скопје, сигурно посакува позитивен резултат и на гостувањето во Тетово иако сосема им е јасно на кратовци дека овој пат ќе биде далеку посериозен мегдан против „гипсарите“.
„Јасно е дека не очекува меч против квалитетен тим. Ренова има и посилен тим од минатата година, па сигурно ќе посакува триумф на домашен терен. Но, ние имаме свои размислувања. Сакаме со бодови да се вратиме од Тетово“ – велат од таборот на Силекс.
Но, бодови посакуваат и во Ренова која минатата недела ремизираше без голови против Работнички во Скопје.
ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч)
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
УТРЕ (17 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
ПОНЕДЕЛНИК (21. август, 17 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА