Монако го задржа стопроцентниот ефект и по три кола во француското првенство откако актуелниот првак славеше на гостувањето против Мец со резултат 0-1.
„Кнезовите“ повторно беа без помошта на Килијан Мбапе (чека трансфер во ПСЖ), кој не се најде ниту на клупата за резерви, но младиот Французин воошто не му недостига на Монако кога Радамел Фалкао е во посакуваната форма. Токму Колумбиецот беше стрелец на победничкиот погодок во 77. минута, кога одлично прими едно додавање во шеснаесетникот, се ослободи и од домашниот голман и ја затресе мрежата на Мец.
За Фалкао ова беше петти гол сезонава, со што колумбискиот ас стана прв играч на Монако во последните 18 години што се запишал меѓу стрелците во првите три кола од една натпреварувачка сезона.
Radamel Falcao Goal HD – FC Metz 0 – 1 AS… by sportsplay
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА