Полицајката Бибијана Штајнхаус сезонава ќе стане првата жена која судела натпревари во германската Бундеслига. По две децении судење во втората германска фудбалска лига, 38-годишната Штајнхаус доби шанса конечно да суди и во најелитното германско фудбалско натпреварување како една од четирите нови судии во Бундеслигата за следната сезона.
„Секој судија, без разлика дали е машко или женско, сонува еден ден да суди во Бундеслигата. Работев напорно за да стигнам до оваа цел, имав падови во последните неколку години и среќна сум што ја добив довербата од судиската комисија. Тоа покажува дека кај судиите се применува ист критериум“ – вели Штајнхаус.
Германката прв пат се појави на фудбалските терени во 1999 година во женската лига. Во 2005 година, Штајнхаус влезе на листатат на Меѓународната фудбалска федерација, а две години подоцна почна да суди во германската втора лига. Тогаш Штајхаус стана првата жена што судела натпревари во германскиот професионален фудбал.
Штајнхаус има судено на европските и на светските првенства во женска конкуренција, во јуни годинава беше главен судија на женското финале во ЛШ меѓу Лион и ПСЖ, но вистинскиот предизвик доаѓа оваа сезона во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА