Ова се фотографии и видео снимки кои ја обиколуваат Европа денеска по натпреварот меѓу Евертон и сплитски Хајдук (2-0) на „Гудисон парк“ во Ливерпул.
Сведоци на срамните сцени кои се случуваат синоќа а ги покажуваат хулиганите на Хајдук кои се нафрлија на редарите на стадионот но и навивачите на Евертон. Хајдуковите хулигани рушеа реклами пред себе, се судрија со редарите, се пробија и на терен.
Англиските медиуми тврдат дека во тие нереди за малку не настрадало и едно момче, собирач на топки, кого од хаосот го извлекол еден редар.
Хајдук, поради навивачките испади, веќе имаше суспендиран стадион за реванш дуелот со Евертон, но успешно средија со жалба до УЕФА. Сега сигурно ги очекува нова огромна казна поради последните инциденти во Ливерпул.
Incredible video of Hajduk Split fans throwing chairs at the Everton fans from the away section ??
Via. @BCAFCBHpic.twitter.com/4KhzAdejVk
— 101 Great Goals (@101greatgoals) August 17, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА