Голманот на Вардар, Филип Гачевски вечерва сам си го подари најубавиот роденденски подарок, сочувана мрежа против великанот Фенербахче.
Гачевски во неколку наврати реагираше одлично, цели 90 минути беше на ниво на задачата. Оваа победа од 2-0 против „фенерите“ ја смета за најголема во неговата кариера, но вели дека работата уште не е завршена. Јасно е дека во Истанбул ќе ги чека „пекол“, но Гачевски верува дека Вардар може да го оствари историскиот успех.
„Навистина максимално се подготвуваме за оваа средба. Оставивме срце на терен, мислам дека сите го приметија тоа. Сите кои вечерва не’ гледаа видоа како се игра за Вардар, со срце, со желба за победа. Мило ми е што ја израдувавме цела Македонија. Исто така ми е мило што моите интервенции пресудија резултатот да биде во наша полза. Овој триумф е најголем во мојата кариера, мислам дека да се победи милионскиот Фенербахче не е мала работа. Но, знаеме дека ништо не е завршено, не чекаат уште 90 минути, но верувам во моите соиграчи дека ќе го оствариме она за сме тука дојдени. За реваншот има време, следната пречка ни е екипата на Победа, за која исто така ќе мора добро да се подготвиме“ – ни изјави Гачевски по мечот на „Телеком арената“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА