Со скандалозен однос од страна на фрустрираните турски фудбалери заврши натпреварот меѓу Вардар и Фенербахче на „Телеком арената“ кој заврши со победа на македонскиот шампион!
По завршувањето на мечот, искусниот репрезентативен голман на Фенербахче, Волкан Демирел, кој на мечот остана на резервната клупа се впушти во физичка пресметка со дел од редарите на најголемиот македонски стадион кои се обидуваа да спречат навивачи да влезат на терен…
Демирел притоа не дозволуваше ниту радост на македонските фудбалери, со вулгарни зборови обраќајќи се до членовите и на Вардар, а на крајот со срамни гестикулации и кон навивачите беше присилно повлечен во подтрибинскиот простор.
На крајот мораа да реагираат и редарските служби и полициските сили присутни на „Телеком арената“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА