Екипата на Ливерпул е и тоа како блиску до место во групната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите оваа сезона, откако во плеј-оф квалификациската рунда славеше со 1-2 на првиот натпревар на гостувањето против Хофенхајм.
Ливерпул можеше да дојде и до поубедлив триумф, но дозволи погодок на домашните во 87. минута преку Утх. Претходно, „црвените“ се стекнаа со предност од 0-2 благодарение на два прекрасни погодоци. Најпрво Александер-Арнолд погоди од слободен удар во 35. минута, а потоа и Милнер во 74. минута постигна убав гол од десната страна со лоб на противничкиот голман, но и помош од дефанзивецот на домашните Нордвит кого топката го закачи во градите на „патот“ кон мрежата од голот на Германците…
All Goals & Highlights – liverpool vs… by Soccer_LENS
Во останатите денешни натпревари, со предност се стекнаа уште и азербејџански Карабах по победата од 1-0 над Копенхаген. Мадатов во 25. минута беше стрелец на единствениот гол за Карабах.
АПОЕЛ со 2-0 пред своите навивачи славеше против Славија Прага, а ЦСКА Москва стигна до триумф од 0-1 на гостувањето против Јанг Бојс благодарение на автоголот на Касим во 92. минута од средбата.
Без голови заврши натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Стеауа. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, како што е познато, не е во комбинација за настап на овие натпревари во дресот на португалскиот тим.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ – ПЛЕЈ-ОФ (први натпревари)
Карабах (Азе) – Копенхаген (Дан) 1-0
Хофенхајм (Гер) – Ливерпул (Анг) 1-2
Јанг Бојс (Швц) – ЦСКА Москва 0-1
Спортинг Лисабон (Пор) – Стеауа (Ром) 0-0
АПОЕЛ (Кип) – Славија Прага (Чшк) 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА