Галатасарај го потврди осмото засилување за ова лето, Софијан Фегули од Вест Хем пристигнува за сума од 4.25 милиони евра. Репрезентативецот на Алжир потпиша петгодишен договор со турскиот гигант, а ќе заработува 3.85 милиони евра по сезона. Галатасарај со овој трансфер стигна до бројката од 38.5 милиони евра потрошени за еден преоден рок, што покажува колкави се амбициите на клубот да се врати на врвот во Турција.
„Долго време го очекував трансферот во Галатасарај. Јас сум голем фан на овој клуб, одвај чекам да го облечам дресот и да заиграм со моите нови соиграчи. „Турк Телеком“ арената е спектакуларен стадион, навивачите се прекрасни. Потпишав петгодишен договор бидејќи сметам дека можеме да испишеме нова историја, јас сакам да бидам шампион. Ќе дадам се’ од себе за да помогнам тимот да го освои првенството“, истакна 27-годишното крило.
Фегули мина само една сезона во редовите на Вест Хем. Пристигна од Валенсија како слободен играч, а за „чеканите“ одигра 21 натпревари во Премиер-лигата, на кои постигна три гола и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА