Најдобриот македонски судија Александар Ставрев продолжува со активностите на европска фудбалска сцена. Тој во четврток ќе го суди мечот Легија – Шериф во Варшава, во рамките на плејоф колото од Лигата на Европа.
На Ставрев, стандардно, ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија на овој меч е Димитар Мечкаровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА