Серхио Рамос смета дека Барселона синоќа на „Ноу Камп“ имала наклонетост на судиите. Реал Мадрид славеше со 3-1 во меч во кој Роналдо доби црвен картон, а на Барса и беше доделен пенал од кој Лео Меси постигна гол.
„Бев далеку но мислам дека Роналдо само загуби рамнотежа и немаше потреба на десет минути пред крај на дуелот да добие црвен картон и така да му се забрани играње во вториот меч. Не сум сигурен дека судиите добро судеа“ – вели Рамос, кој дополнува:
„Кај пенал на Суарез исто така не сум сигурен дека имаше прекршок. Мислам дека пенал не постоеше“.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, пак, не сака да се откаже од трофејот иако неговиот тим сега има сериозна негатива.
„Мора да гледаме напред. Има уште еден дуел. Иако Реал е фаворит нема да се предадеме. Но, постојат некои лекции кои ќе мора да ги научиме по оваа вечер“ – рече Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА