Пари Сен Жермен нема намера да сопре со неверојатните засилувања ова лето. Нејмар веќе пристигна за рекорден трансфер од 222 милиони евра, се ’крчка’ и уште еден фантастичен трансфер на Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра, а синоќа и Алексис Санчез бил во Париз, и тоа не на викенд, или кус одмор.
Чилеанецот заедно со својот агент Франциск Фелицевич и со девојката пристигнал во Париз на преговори за доаѓање на „Паркот на принцовите“, открива влијателниот француски весник „Л’Екип“. Се разгледува можноста и тој да му се приклучи на ПСЖ, иако Арсенал јасно му соопшти дека нема намера да го продаде. Но, парите во денешниот фудбал прават чуда…
Според францускиот медиум, постојат две опции за Алексис Санчез да замине во ПСЖ. Првата е Арсенал и Арсен Венгер да се сложат дел од фудбалерите кои се на листата за продажба, на крајот да завршат на „Емирати“, како Серж Орие, Анхел Ди Марија, па дури и Адриен Рабио. Со оглед дека Хесе замина во Фиорентина, а Блес Матуиди е на чекор до Јувентус, раководството на ПСЖ сепак и ќе се собере одредени средства од продажба до крајот на летниот преоден рок. Во ваков случај, Алексис Санчез би можел уште ова лето да пристигне во Париз.
Втората опција е тој да го договара своето доаѓање за следното лето, кога ќе биде слободен агент и ќе може без проблем да им се приклучи на „светците“. А, се разбира, тој би добил фантастични лични услови за преминот, затоа што клубот за него нема да плати отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА