ВАР-технологијата требаше да помогне во делењето на фудбалската правда, но како што минуваат деновите така се зголемува и бројот на фарсите и смешните ситуации што се создаваат со помош на прегледување на видео снимките.
Последен таков случај е црвениот картон што синоќа го доби Рикардо Кака на дуелот меѓу Њујорк и Орландо сити, откако судијата по прегледување на видео-снимката му го покажа патот кон соблекувалните на поранешниот фудбалер на Милан и на Реал Мадрид.
Кака го фати за лицето противничкиот фудбалер Орелиен Колин, но судијата слепо ги следеше правилата не земајќи во предвид дека воопшто не стана збор за конфликт, па двајцата фудбалери (лански соиграчи) со насмевка ја проследија ситуацијата, Дури и Колин по црвениот картон отиде кај судијата за да му објасни што се случи, но главниот арбитар на својот став и го исклучи големиот ас.
Kaka’s red card for Orlando City was a joke!Use VAR & common sense!Kaka & Aurelien Collin are friendsVia @MLShttps://t.co/0mSncH0BB6
— 101 Great Goals (@101greatgoals) August 13, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА