Од денеска па до 15. август Струга повторно ќе биде во фокусот на домашната ракометна јавност преку традиционалниот меѓународен турнир “Струга 2017“ кој по 45-ти пат ќе се одржува на теренот на „Женска плажа“.
Вкупно шест екипи ќе партиципираат на годинашниот турнир меѓу кои, покрај домашните Металург, Охрид и Струга, и францускиот Шартр, турскиот Бешикташ и Алингсас од Шведска.
За следните четири дена се најавуваат квалитетни натпревари кои треба да бидат еден вид најава и за новата ракометна сезона. Свеченото отворање на турнирот е закажано за денеска од 18:45 часот, по што ќе следат дуелите меѓу Шартр и домаќинот Струга како и Бешикташ и Алингсас.
КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА „СТРУГА 2017“Сабота (12. август): Шартр – Струга (19:30 ч.), Бешикташ – Алингсас (21:15 ч.)Недела (13. август): Бешикташ – Охрид (19 ч.), Металург – Шартр (20:45 ч.)Понеделник (14. август): Металург – Струга (19 ч.), Алингсас – Охрид (20:45 ч.)Вторник (15. август): Натпревар за петто место (18 ч.), Натпревар за трето место (19:45 ч.), Финале (21:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА