Ферари ги почна преговорите со Себастијан Фетел за продолжување на соработката. Но, засега работите не одат во посакуваниот правец и се уште нема потпис од Германецот на нпвиот договор.
Неодамна претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, изјави дека тимот е воодушевен од настапите на Фетел и дека е изготвен новиот договор. Тој, според германските медиуми, е со тригодишна важност и „тежи“ 138.5 милиони долари.
Но, деновиве се појавија шпекулации дека двете страни не можат да се усогласат околу новиот договор. Од Ферари имаат долгорочен план за Фетел, но германскиот возач не сака да се обврзе на подолг период.
„Вистина е дека се уште немаме нов договор, но мислам дека во моментов е најважно да не преокупираме со документите, туку да се фокусираме на резултатите. Јас не брзам со потпишување на нов договор, а мислам дека не брзаат ни во Ферари“ – изјави Себастијан Фетел.
По 11 трки во годинашниот шампионат во Формула 1, Себастијан Фетел е на лидерската позиција во конкуренција на возачи со 202 бода, а зад него се двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон (188) и Валтери Ботас (169). Следната трка во Ф1 ќе се вози во Белгија на 28 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА