Фудбалерите на Шкендија ги оставаат зад себе победите во Лигата на Европа и максимално се фокусирани за стартот на новата сезона во македонскиот шампионат, во кој веќе во првото коло ќе го пречекаат првакот Вардар.
Тетовци тренираат во засилено темпо, се со цел победнички да ја стартуваат новата сезона и веќе по првото коло да стигнат до „плус три бода“ предност во однос на големиот ривал. Отсуството на повредениот Вујчиќ сигурно ќе биде голем проблем за тренерот Османи, кој своите надежи повторно ќе ги полага во двоецот Хасани – Ибраими.
Само за потсетување, дербито Шкендија – Вардар ќе се игра на стадионот во Тетово в сабота, откако беше презакажано за двата македонски тима да имаат ден повеќе за подготовки за квалификациите за Лигата на Европа, Вардар за домашниот меч со Фенербахче, а Шкендија за гостувањето против Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

