Нашиот најголем стадион е подготвен да ги пречека двата европски гиганти за утрешната пресметка во рамките од Суперкупот на Европа.
Сите оние замерки кои УЕФА ги имаше во последните месеци се средени, па „Телеком Арена“ делува беспрекорно на првиот дел од спектаклот наречен Суперкуп, резервиран за прес-конференции и тренинзи на екипите.
ЕКИПА влезе и во ВИП-салонот на нашиот најголем стадион, кој делува прекрасно. Во него утре вечер ќе се најдат челниците на УЕФА и ФИФА, клупските легенди на Реал и Манчестер, како и челниците на двата европски гиганти, заедно со претставниците на ФФМ, кој се грижи да биде беспрекорен домаќин на овој врвен спортски настан.
Погледнете како изгледа ВИП-салонот на „Телеком Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА