Список до УЕФА: Милан со сите „ѕвезди“ против Шкендија

Милан ќе настапи со своите најдобри фудбалери на претстојниот двомеч од квалификациите за ЛШ против Шкендија, откако „росонерите“ ги вклучија и своите последни две засилувања во списокот од играчи што ги регистрираа во УЕФА за овие натпревари.

Леонардо Бонучи и Лукас Билја ќе бидат дел од „росонерите“ во пресметките со македонскиот вицешампион заедно со голманот Донарума, голгетерот Андре Силва, но и останатите засилувања како Кеси, Родригез, Чалханоглу…

Исто така, „росонерите“ го променија терминот на својот премиерен меч од Серија А, на гостински терен против Кротоне, кој наместо во понеделник ќе го играат во недела (20 август), за да имаат ден повеќе за подготовки за реваншот во Скопје.

SOSTAV MILAN

Се вчитува...