Марк Маркез се зацврсти на првото место во генералниот пласман од Мото ГП шампионатот откако Шпанецот триумфираше на денешната трка што се возеше во Брно, Чешка.
Маркез стигна до рутинска победа благодарение на мааестралната тактика, откако прв реши да влезе во бокс и да го промени моторот поради дождот што паѓаше на самиот почеток од трката. Тоа му овозможи експресно да си создаде голема предност во однос на ривалите, што потоа рутински ја чуваше за нова победа. Дани Педроза го освои второто место пред Маверик Вињалес, а Валентино Роси мора да биде презадоволен од четвртата позиција во ситуација кога „докторот“ најдоцна го промени својот мотор, падна дури на 14. место, но сепак успеа да дојде до значајни бодови.
Марк Маркез со оваа победа се зацврсти на првото место во генералниот пласман со 154 бода, пред Вињалес со 140, Довициозо со 133 и Валентино Роси со 132 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА