Турскиот интернационалец Емре Мор, кој е член на Борусија Дортмунд, се наоѓа пред вратите на италијанскиот калчолигаш Интер. Тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, откако не успеа да ги доведе Раџа Наинголан и Артуро Видал, сега се насочи кон младиот офанзивен играч за врска на „милионерите“.
Како што информираат медиумите на Апенините, Интер е подготвен да плати 40 милиони евра за да го откупи Емре Мор од Борусија Дортмунд, а Спалети на младиот играч му нуди можност да добие значајна улога во тимот. Преговорите се во завршна фаза и се очекува трансферот да биде комплетиран во текот на идната седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА