Езекиел Гарај е потенцијалната замена за Бонучи во редовите на Јувентус. Италијанските и шпанските медиуми објавија дека Јувентус е во преговори со Аргентинецот.
Во меѓувреме, Гарај вчера се врати на тренинзите со екипата на Валенсија, по двонеделната пауза поради проблеми со мускулот. Аргентинскиот фудбалер се повреди на пријателскиот натпревар против Космос во Регина (Канада). Засега се уште е неизвесно дали Гарај ќе се најде на списокот на тренерот Марселино Гарсија Торал за пријателскиот натпревар против Вердер, но секако е една од најголемите желби на Масимилијано Алегри за наследник на Бонучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА