Шпанскиот гигант Барселона ја почна потрагата по наследникот на Нејмар, по заминувањето на Бразилецот во ПСЖ, но во прв момент ќе се ‘утеши’ со ангажман на дефанзивецот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез. Според информациите од Шпанија, каталонскиот гигант ќе ја плати отштетната клаузула вредна 32 милиони евра и ќе го доведе овој одличен одбранбен фудбалер на „Камп Ноу“.
Тренерот Ернесто Валверде има високо мислење за Ињиго Мартинез, кој со своите добри игри минатата сезона најде свое место и на поширокиот список на фудбалската репрезентација на Шпанија.
Челниците на Реал Сосиедад ја одбиле првата понуда на каталонскиот гигант вредна 20 милиони евра, со јасна порака дека доколку Барса го сака Мартинез, ќе мора да ја плати неговата клаузула од 32 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА