После Новак Ѓоковиќ, Стaн Вавринка и Марин Чилиќ , настапот на Мастерс турнирот во Монтреал го откажа и Енди Мареј. Првиот светски рекет се откажа од „Роџерс купот“ поради повредата на колкот што ја влече веќе подолго време.
„За жал морам да се повлечам од турнирот во Монтреал за кој ме врзуваат многу убави спомени. Работам напорно за да можам што побрзо да се вратам на терен“ – порача Енди Мареј.
Во отсуство на Мареј, главни фаворити на турнирот во Монтреал ќе бидат Роџер Федерер и Рафаел Надал кој има реални шанси повторно да се врати на првото место на АТП листата и да го симне Мареј од врвот. Шпанецот моментно е на второто место со 285 бода помалку од Мареј и пласман во полуфиналето на Роџерс куп му гарантира прво место на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА