Македонскиот вицепрвак Шкендија би можел да добие дуели со италијанскиот гигант Милан, во плејоф колото од Лигата на Европа. По скратениот избор на УЕФА утринава, Шкендија е меѓу неносителите во групата 1, и ќе се сретне со клубовите кои се носители. Таму е Милан, но и Динамо Киев, Краснодар, Клуб Бриж и Австрија Виена. Ждребот е закажан за 13 часот во Нион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА