Бразилскиот интернационалец Нејмар е нов член на францускиот вицепрвак Пари Сен Жермен. Тој потпипа петгодишен договор и доаѓа на „Паркот на принцовите“ како најскап фудбалер во историјата, уривајќи ги сите досегашни рекорди и фудбалски трансферни бариери.
Пари Сен Жермен за него плати отштетна клаузула од 222 милиони евра, а тој во наредните пет години ќе заработува по 30 милиони евра од сезона. Секако, плус дополнителни бонуси од премии, специјални парични награди за индивидуални признанија и спонзорски договори.
Нејмар во Порто го мина медицинските прегледи, а потоа и стави потпис на договорот со Пари Сен Жермен. Тоа го потврди и клубот со најавата „Тој доаѓа…“
Новиот дрес на Нејмар од ПСЖ, со „десетката“ на грбот веќе почна да се продава, а најскапиот фудбалер на светот ќе биде претставен во центарот на Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА