Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, го предаде мечот од 2.коло на АТП турнирот во Вашингтон против Американецот Тени Сандгрен. Кирјос кој моментно е 20.тенисер на АТП листата, беше слободен во првото коло, а во второто губеше со 3-6, 0-3 кога реши да го предаде мечот против Сандгрен (106.на АТП листата). Неговиот потег предизвика негативна реакција кај публиката која со свирежи го испрати од теренот.
На Кирјос ова му е трет турнир по ред на кој предава меч. Серијата предадени мечеви на Австралиецот почна пред Вимблдон. На стартот од турнирот во Квинс Клуб, Кирјос му го предаде мечот на Американецот Доналд Јанг откако го загуби првиот сет. Причина беше болка во колкот.
Поради болки во колкот, Кирјос го предаде и мечот од 1.коло на Вимблдон откако Французинот Пјер-Хугис Херберт ги доби првите два сета. А, сега губеше и откажа и на турнирот во Вашингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА