Нејмар и официјално веќе не е член на Барселона. Адвокатите ја платија клаузулата вредна 222 милиони евра во неговиот досегашен договор со клубот од „Камп Ноу“, со што тој и официјално е раскинат. Сега ќе следи негово пристапување кон Пари Сен Жермен.
Барселона го потврди раскинувањето на договорот со Бразилецот.
„Ова попладне, правните застапници на Нејмар џуниор се појавија во клубот и ја платија клаузулата во износ од 222 милиони евра, што предизвика автоматски прекин на договорот меѓу двете страни. Клубот овие детали ги испрати до УЕФА, барајќи да се спроведат препораките за финансиски фер-плеј“, објави Барселона.
Доколку се биде в ред, Нејмар ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ вреден 30 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА