Ријека и Марибор на чекор до групите во ЛШ, Ајакс и Легија елиминирани

Бајката на хрватскиот првак Ријека продолжува и во квалификациите за ЛШ. Тимот на Стефан Ристовски и Леонард Жута се наоѓа на чекор до групите во елитното натпреварување, откако го елиминира австрискиот Салцбург. Вечерва на домашен терен одигра 0-0, а на првиот меч во Австрија беше 1-1. Голот постигнат на гости беше пресуден за пласман понатаму. Ристовски го одигра целиот меч, и најверојатно се простува од Ријека, бидејќи се наоѓа пред трансфер во Спортинг Лисабон. Леонард Жута беше на клупата за резервни фудбалери.

Марибор исто така е во плејоф колото на ЛШ, откако го совлада исландскиот Фахнарфјордур и во реваншот со 0-1. Тавареш беше стрелец на голот за словенечкиот шампион.

Во можеби најинтересниот дуел, Ница го елиминира Ајакс откако во Амстердам одигра 2-2. Првиот меч во Франција заврши со резултат 1-1. Партизан е елиминиран од Олимпијакос. Српскиот првак вечерва одигра 2-2 на гости, но доживеа пораз (1-3) во Белград.

Легија славеше со 1-0 на домашен терен против Астана, но не успеа да помине понатаму, поради поразот од 1-3 на првиот дуел во Казахстан. Селтик оди понатаму, откако го совлада Розенборг со 0-1 на гости, со голот на Џејмс Форест.

Резултати ЛШ: АПОЕЛ – Виторул 4-0 (по продолженија), Бате Борисов – Славија Прага 2-1, ЦСКА Москва – АЕК 1-0, Башакшехир – Клуб Бриж 2-0, Копенхаген – Вардар 4-1, Плзен – ФЦСБ 1-4, Јанг Бојс – Динамо Киев 2-0, Хафнарфјордур – Марибор 0-1, Лудогорец – Хапоел Бер Шева 3-1, Ајакс – Ница 2-2, Легија – Астана 1-0, Олимпијакос – Партизан 2-2, Ријека – Салцбург 0-0, Розенборг – Селтик 0-1.

Се вчитува...