Бешикташ продолжува со активните преговори за ангажман на нови фудбалери за претстојната сезона, па така турскиот првак е во завршна фаза од разговорите за трансферот на Алваро Негредо.
Искусниот шпански голгетер е сопственост на Валенсија, но клубот од „Месталја“ настојува да се ослободи од него поради фактот дека е најплатен фудбалер на оваа екипа, а стручниот штаб не смета на неговите услуги. Останатите заинтересирани клубови не можеа да ја покријат платата од четири милиони евра по сезона, но тоа не беше проблем за Бешикташ.
Турскиот првак ќе плати само три милиони евра на Валенсија, со оглед на фактот дека Негредо има само уште една година од договорот со овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА