ГРЧКА БЛАМАЖА: По 32 секунди напуштија терен против Македонија

Скандалозно е однесувањето на грчката репрезентација за ракометарки до 17 години, откако оваа селекција го напушти теренот по неполна минута игра против националната селекција на Македонија.

По долго натегање и одбивањето да излезат на официјалното претставување грчките ракометарки конечно се појавија на теренот, но минаа само 32 секунди игра кога нивниот селектор побара тајмаут, за веднаш потоа да го повлече својот тим од теренот.

Нашите ракометарки прославија што без борба го добија овој меч од ЕХФ шампионатот, спортското натпреварување што по вина на јужниот сосед сосема непотребно добива негативен политички публицитет.

grkinji2

grkinji1

makedonijau71

Се вчитува...