Навивачите на Барса се бесни на Нејмар поради договорениот трансфер во ПСЖ, па на улиците на каталонската престолнина денеска можат да се забележат и пораки во кои се бара „Предавник низ улиците на Барселона“.
„Се бара предавник“ е насловот на плакатите закачен на повеќе места низ градот, под него се наоѓа фотографија на Нејмар, па дополнување со текст: Платеници надвор од Барселона, само играчи кои се вљубени во овој дрес.
Веќе нема дилеми дека Нејмар ќе си замине од Барселона, а каталонците немат начин да ја запрат реализацијата на најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА