Младинската репрезентација на Македонија го заврши настапот на СП во Алжир како шестопласирана, уште еден доказ за огромниот потенцијал што постои меѓу „децата“ од кои дел веќе играат и за сениорскиот состав, а останатите сериозно му се наметнуваат на Раул Гонзалез во блиска иднина да им даде шанса крај оние најискусните.
Во последното големо натпреварување на оваа генерација, нашите ракометни надежи покажаа дека низ годините се здобија со неопходната зрелост, но и победнички карактер, што сигурно ќе им бидат од огромна корист во натамошниот дел од кариерите. Талески и Кузмановски беа нашите ѕвезди пред почетокот на СП, но во меѓувреме го видовме и Мартин Велковски како одлична резервна опција за Кире Лазаров, Марко Нелоски во нова улога како „пикер“, Арсеновски до повредата беше одличен во борбата на линијата, а Томовски има потенцијал за да биде нов прв голман во годините што следат…
За напредок простор има уште многу, но овие млади момци поседуваат потенцијал, но и желба да се развијат во нови ракометни идоли на нашата земја. За крај, погледнете дел од фотографиите од настапот на Македонија на СП во Алжир и историскиот пласман на шестата позиција.
[new_royalslider id=”727″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА