УЕФА го казни Манчестер јунајтед со 10.000 евра оштета за прекршување на правилникот за анти-допинг тестирањата, за време на Европа-лига финалето против Ајакс. УЕФА исто така поединечно ги казни Фил Џоунс и Дејли Блинд бидејќи и двајцата фудбалери одбивале да ги извршат регуларните тестови по завршувањето на натрепварот. Казните изнесуваат по 5.000 евра, а ќе имаат забрана за настап на Суперкупот во Скопје против Реал Мадрид, како и првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони.
Здружението на спортски новинари откри дека Џоунс употребувал вулгарни зборови на екипата која ги извршувала тестирањата. Фудбалерот на Јунајтед бил лут бидејќи го селектирале токму него од сите играчи кои настапија во финалето, иако сето тоа се одвива по случаен избор. Блинд пак, одбил да ги изврши тестирањата бидејќи не сакал да пропушти ниту еден момент од славјето во соблекувалната по освоениот трофеј.
Јунајтед има можност во следните три дена да поднесе жалба за казните, но УЕФА засега не знае дали клубот ќе се одлучи за таков потег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА