ПСЖ доби одобрување од париската полиција, да организира парада, односно претставувањето на Нејмар да биде во центарот на градот, а не на „Паркот на принцовите“, како по обичај.
Ова значи дека рекордниот трансфер на Бразилецот во ПСЖ, ќе биде и рекорд по број на посетители на едно претставување на фудбалер. Иако ПСЖ го полнеше стадионот при скоро секое големо засилување, како за Ибрахимовиќ, Кавани, Ди Марија, сепак во овој случај се работи за Нејмар, еден од најпопуларните и најдобрите играчи во моментов.
Ангажманот на Нејмар ќе биде официјализиран во среда, како што известуваат француските медиуми. Цената од 222 милиони евра ќе значи нов рекорд во светот на фудбалот, двојно повеќе од трансферот на Погба во Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА