Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по пријателскиот натпревар помеѓу неговиот тим и екипата на Валеренга, го прокоментира трансферот на Маруaн Фелаини во Галатасарај. Португалскиот стратег ги отфрли сите шпекулации околу иднината на Белгиецот, кој денеска постигна и погодок, истакнувајќи дека Јунајтед нема намера да го продаде Фелаини, и дека претстојната сезона ќе биде на „Олд трафорд“.
„Поголеми се шансите Галатасарај да ме купи мене, отколку Фелаини. Тој е многу важен играч за нас. Нема шанси да го пуштам да си оди, не ова лето“, истакна Мурињо.
Информациите од Островот тврдат трансферот на Фелаини во турскиот прволигаш е во завршна фаза, дури и претседателот на Галатасарај го потврди истото, но очигледно белгискиот репрезентативец и натаму ќе ги брани боите на Манчестер јунајтед. Барем така вели Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА