Холандскиот интернационалец Робин ван Перси се враќа во својата татковина откако одлучи да потпише едногодишен договор со свопјот матичен клуб Феенорд. Ван Перси по ова веројатно планира и да стави крај на својата фантастична фудбалска кариера. Холандските медиуми информираат дека сите детали се договорени и дека се очекува само фудбалерот да пристигне и да стави потпис за своето враќање во редовите на Феенорд, од каде и ја почна својата богата кариера, играјќи за овој клуб во периодот од 2001 до 2004 година.
Потоа Ван Перси направи трансфер во Арсенал, каде се етаблира во еден од најдобрите европски напаѓачи, следеше преселба и во Манчестер јунајтед, а од 2015 година го носи дресот на турскиот клуб Фенербахче. За репрезентацијата на Холандија одигра 101 натпревари и постигна 50 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА