„Ел Класико фантастико“ во Мајами – „Кралевите“ се поклонија пред Пике

Барселона и Реал Мадрид ги воодушевија фановите во САД играјќи фантастичен натпревар на стадионот во Мајами, на кој каталонскиот гигант ги совлада „кралевите“ со минимални 3-2. Овој меч најверојатно беше последен за Нејмар во дресот на Барса, Бразилецот играше невообичаено несебично и оствари две асистенции, при погодоците на Ракитиќ и на Пике.

Актуелниот европски првак и во отсуство на Кристијано Роналдо одлично им парираше на каталонците, иако Барса по неполни десет минути поведе со 2-0 преку Меси и Ракитиќ. „Кралевите“ сепак се вратија и со головите на Ковачиќ и на Асенсио израмнија на 2-2, резултат при кој и двете екипи имаа свои шанси.

На крајот победникот го реши дефанзивецот Пике, кој најдобро се снајде по едно додавање на Нејмар и го матираше противничкиот голман.

Реал Мадрид и Барселона летово ќе одиграат уште две средби, во рамките од Супер-купот на Шпанија.

Real Madrid vs Barcelona 2-3 |Highlights… by channel-amazing

Се вчитува...