Нејмар ќе заработува 30 милиони евра плус бонуси со петгодишниот договор што ќе го потпише со ПСЖ, но од мегатрансферот на бразилскиот ас ќе се офајди и неговиот татко, кој воедно е и агент на голгетерот.
„Светците“ ги финишираат ситниците од договорот што би можел да се официјализира на самиот почеток од наредната седмица, а еден од тие детали се и менаџерските провизии за сите оние кои овозможиле мегатрансферот да се реализира. Француските медиуми објавуваат цифра од огромни 36 милиони евра што „светците“ ќе ги платат на агентите и посредниците во трансферот.
Од оваа сума најголем дел ќе заработи таткото на Нејмар, над 20 милиони евра, потоа бизнисменот Пини Захави, кој ги стартуваше преговорите во име на ПСЖ, но и уште неколку лица кои даваа консултантски услуги во изминатите триесетина дена и овозможија трансферот да дојде до фаза на реализација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА