Викторија Плзен и чешката пивара „Гамбринус“ подготвија маркетиншко изненадување за навивачите на клубот, откако постигнаа договор за долгогодишна соработка. Со отворањето на новата сезона, посетителите на „Дуренс“ арената во Плзен ќе бидат изненадени од реновираните клупи за резерви на домашниот тим, како и за тимовите кои ќе гостуваат.
Клупите се изградени во форма на лименка од пиво, поточно од Гамбринус пивото. Фудбалерите и стручниот кадар ќе бидат презадоволени со новите луксузни седишта, на кои е вградено затоплување.
„Мислам дека ова навистина е единствено, ниту еден друг клуб не може да се фали со ваквко нешто. Горди сме што го остваривме ова“, истакна генералниот менаџер Адолф Садек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА