Хесус Навас реши да си се врати дома, во Севилја

Шпанскиот интернационалец Хесус Навас по заминувањето од Манчестер сити, сепак, одлучи да се врати дома, и ќе потпише договор со Севилја, матичниот клуб, од каде пред четири сезони и замина на Островот. Крилниот играч имаше преговори со италијанскиот калчолигаш Рома, како и со францускиот клуб Олимпик Марсеј, но на крајот сепак пресуди неговата желба да се врати во Севилја.

Се очекува во наредните неколку дена тој и официјално да потпише договор со клубот и да му се стави на раполагање на тренерот Едуардо Берицо.

Се вчитува...